Сакате ли бебе од славна личност? – формирал банка за сперма на славни


Британска телевизиска мрежа во моментов се обидува да испита како можела да биде измамена од страна на славна актерска личност, која се прокламирала како шеф на банка за донација на сперма на познати славни личности.

Даг Ричардс човекот кој што се прокламирал како репрезент на банката, се појавил во едно шоу, во кое што соопштил дека истата им овозможува на жените да селектираат донатор, од ексклузивен каталог на докажани победници, вклучувајќи и познати неименувани фудбалски ѕвези како и познати светски рок ѕвезди.

Сега ИТВ директорите веруваат дека биле измамени и се обидуваат да дознаат како. Наместо да спровеле истрага која би можела да потрае неколку недели, било доволно да го исконтактираат Џои Скагс, концептуален артист кој е специјализиран за да ги зафркава медиумите.

Според него, мрежата била измамена поради фактот што приказната била премногу добра и вистинита што за да производителите на мрежата не им било до толку важно да ја изработат професионално.

„Како што сметав и пред неколку децении, дајте им на медиумите сензационална приказна и тие ќе се насанкаат на истата. Дали некој од нив слушнале за принципи во новинарството? Не само што не дознале дека банката за сперма на познати личност беше „патка“, туку не била ниту оригинална моја идеја“, изјавил Скагс.

Назад во 1976 година, Скагс под името „Giuseppe Scaggoli”, објавил дека е сопственик на банка за сперма на познати личност и дека планирал да одржи аукција на спермата на рок ѕвездите вклучувајќи ги меѓу нив Мик Џегер, Боб Дилан, Џон Ленон, Пол Макартни и Џими Хендрикс.
На шега бил даден коментарот како технологијата ги менува предизвиците на моралот.
Приказната доби меѓунардоно внимание кога тој ја објави, но не толку кога соопшти дека е измама.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1