Сакате работа во Австрија – бараат 29.000 келнери, готвачи..плата 1500 евра


Веста дека Австрија бара 29.000 келнери, готвачи и асистенти, а минималната плата е во просек од 1.500 евра, заинтригира многу. Еве кој е патот до работа во Австрија…

Не е потребна виза, но ако веќе сте пронашле работодавец кој ве ангажирал, мора да имате дозвола за работа.Bec-konobari-radnici-620x350

– Тоа е т.н. црвено-бела-црвена карта или Rot-Weiss-Rot-Karte, за кои кандидатот аплицира во амбасадата, откако го нашол работодавачот. Потоа ќе се утврди врз основа на неколку критериуми, кои ќе добие дозвола, еден од критериумите е токму потребата за работна сила. пример доколку најдете работа во фризерски салон, а во земјата веќе има доволно фризери – нема да ја добиете дозволата. значи работата која ја барате треба да е на списокот на работа за која во земјата нема кадар.

Познавање на германскиот јазик не е потребен за оваа дозвола, но тоа е голем плус. Критериумите што се користат за да се утврди кој добива црвено-бела-црвена картичката сеработно искуство, познавање на јазици, возраст, и студии во Австрија (за високо квалификувани професии).

Оваа карта е комбинација на дозволи за работа и живеење, и трае вкупно 12 месеци. Откако ќе ја добиете оваа хартија , работата е многу едноставна – може да почнете да се пакувате.

Од австриската амбасада предупредуваат дека многумина се обидуваат да заработат пари со мамење па се нудат да посредуваат во добивање на оваа дозвола и ви бараат да ги уплатите ,, таксите,, но од амбасадата велат НЕ СЕ ПЛАЌААТ ТАКСИ. затоа најбезболно за да не бидете измамени е да се обратите директно во амбасадата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1