Сам на овој свет – Жи­вее на клу­па во Др­жав­на бол­ни­ца и се моли за помош


Два­е­сет и две­го­диш­ни­от Ме­миш Гарп од Про­биш­тип три го­ди­ни е без пок­рив над гла­ва­та. Тој е де­те без ро­ди­те­ли, но суд­би­на­та за мно­гу крат­ко вре­ме го ос­та­ви­ла и без де­до и без ба­ба кои, по смрт­та на ро­ди­те­ли­те, ос­та­на­ле да се гри­жат за не­го. Гарп имал спо­кој­но дет­ство во нив­ни­от дом до пред се­дум го­ди­ни, ко­га по­чи­на­ле и тие.

То­гаш поч­на­ле не­го­ви­те па­те­шес­тви­ја. Де­но­ви­те му по­ми­ну­ва­ат по род­ни­ни и при­ја­те­ли, а пос­лед­ни­те три го­ди­ни е на клу­па во Др­жав­на­та бол­ни­ца во Скоп­је.

covek-i-klupaГарп лес­но се пре­поз­на­ва. Ли­це­то му е по­мод­ре­но, но­си са­мо ед­ни из­вет­ве­ни пан­та­ло­ни и блу­за, кои но­ќе му слу­жат и ка­ко ќе­бе, а ја­де са­мо тол­ку кол­ку што ќе му да­дат од окол­ни­те про­дав­ни­ци­те и ка­фе­а­ни.
“Се­га клу­па­та е мо­јот дом. Пр­во ос­та­нав сам на овој свет, а по­тоа и без пок­рив над гла­ва­та. Мо­рав да дој­дам во Скоп­је, оти во Про­биш­тип имав го­лем при­ти­сок од вуј­ко ми, кој ме из­бр­ка од ку­ќа­та и не ми да­ва ни­ту ед­на со­ба, ко­ја за­кон­ски ми сле­ду­ва од мо­и­те ро­ди­те­ли. Меѓутоа јас немам пари за да докажам дека сум законски наследник. Ме мал­тре­ти­ра­а на се­ка­ков на­чин и за да се спа­сам, мо­рав да за­ми­нам от­та­му. До­се­га ни­ту тој ни­ту не­кој друг од не­го­во­то се­меј­ство ме по­ба­рал”, ве­ли Гарп.

Ко­га ја на­пуш­тил род­на­та ку­ќа, Гарп на­шол спас кај при­ја­те­ли во гра­дот, ка­де што ос­та­нал око­лу две го­ди­ни. И тие, ка­ко и вуј­ко му, го чу­ва­ле до­де­ка ја зе­мал пен­зи­ја­та од ро­ди­те­ли­те до 18 го­ди­ни. По тоа, мо­рал да за­ми­не и от­кај нив.
“До­де­ка имаа ќар од ме­не, ме др­жеа со нив. Јас ме­сеч­но до­би­вав по 6.000 де­на­ри од др­жа­ва­та. Па­ри­те ги зе­маа тие, де­мек да ги тро­шат за мои пот­ре­би, а ме пра­ќаа со де­сет де­на­ри на учи­лиш­те. И се­га сум на ули­ца и сум гла­ден и смрз­нат, но ве­ру­вај­те, ниш­то по­доб­ро не ми бе­ше и до­де­ка бев кај нив”, рас­ка­жу­ва Гарп со ле­лек, по­ра­ди бол­ка­та во но­зе­те што ја за­ра­бо­тил ле­жеј­ќи на бол­нич­ка­та клу­па.

Де­нес Гарп гле­да на­деж са­мо во доб­ри­те лу­ѓе. Се­ка­де ја рас­ка­жу­ва сопс­тве­на­та жи­вот­на при­каз­на, ко­ја, ве­ли, мо­ра да за­вр­ши со сре­ќен крај.
“Ко­га ќе си лег­нам на клу­па и ќе ги зат­во­рам очи­те, со­ну­вам де­ка ут­ро­то ќе ги до­не­се си­те доб­ри лу­ѓе, кои ќе ми по­мог­нат да нај­дам ед­на со­ба. Дру­го е ко­га се има пок­рив над гла­ва­та. Имав сре­ќа да нај­дам ра­бо­та ка­ко гра­деж­ник и чу­вар, и по­на­та­му ќе про­дол­жам сам да се сна­о­ѓам, со Бож­ја по­мош”, мо­ли Гарп.

Број за по­мош: 071 221 048

Те­ле­фон­ски­от број на Гарп, кој му е да­ден на прив­ре­ме­но ко­рис­те­ње, е 071 221 048. Тој ги по­ви­ку­ва си­те лу­ѓе што мо­жат да по­мог­нат на ка­ков би­ло на­чин, да му се ја­ват.
“Ми тре­ба­ат па­ри за да мо­же да из­ва­дам до­ку­мен­ти за да под­не­сам ба­ра­ње за со­ци­ја­лен стан. Тоа се не­ка­де око­лу 6.000 де­на­ри. Та­ка ми ја­ви­ја од Ми­нис­терс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка. Без нив, не мо­жам ни­ту да ап­ли­ци­рам ни­ту да се на­де­вам на свој дом. Са­мо тол­ку ба­рам”, апе­ли­ра Гарп.

 Вест

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1