Триесет и двегодишната Кисмета Крсниќ сама ги спасувала од поплавите своите четири деца откако нејзиниот сопруг побегнал и ја оставил сама да се бори за животите на децата.
-Кога надојде водата, мојот сопруг побeгна и ме остави мене со четирите деца, од кои најмалото има седум месеци. Водата навираше во нашата куќа и не знаев што да правам, но за среќа едно младо момче ми пријде напомош бидејќи во спротивно сите ќе се удавевме.
-Тоа хумано момче ја носеше количката со најмалото бебе, а јас за рака ги држев малите Марија и Никола, додека Кристина одеше пред мене бидејќи е постара од нив и може сама. Во еден момент дојдовме до мост кој требаше да го преминеме и да се качиме на трактор кој не чекаше на другата страна. Мостот беше неверојатно лизгав. Шестгодишната Кристина падна во водата. Не можам да опишам како се чуствував во моментот, беше како во најлошиот кошмар. Детето ви паѓа во матна вода и можеби никогаш нема да го видите. Се укочив во моментот, но за среќа соседот кој во тој момент се најде на мостот скокна во вода и ми ја спаси ќеркичката која за време на падот силно си ја удри главата, се потсетува Кисмета.
Тука не е крај на неволјите на оваа жена. За време на качувањето на тракторот таа си ја повредила ногата и сега не може да се движи.
– Важно е дека успеав да си ги спасам децата и да ги извлечам живи од овој хорор. Сега сме добро, но тоа не е решение. Стравичните поплави ќе пројдат, а јас не знам каде ќе одам со своите малечки, бидејќи домот ни е целосно уништен, тажно прокоментирала Кисмета.