Сама против мафијата: Жена која не знае да молчи!


Рози во регионот на Реџо Калабрија држела ресторан и клуб, а локалната мафија сакале во нив да делат дрога. Но, таа не дозволила. Последиците? Не можете ниту да ги замислите какви биле!

И порано Рози Канале, одважна активистка за борбата против мафијата, добивала закани. Меѓутоа побегнала кога на нејзиниот 40-ти роденден на адресата на нејзините родители, бил доставен мал пакет, а во него крвава глава. За себе оставила пропаднат проект кој претставувал суптилен, но не и директен предизвик, за најнемилосрдната мафија во Италија.
„Требаше само да потврдам со главата“, изјавила Канале по телефон од САД за британскиот весник Гардијан. „Да прифатев денеска сеуште ќе живеев во Реџо Калабрија и без сомнеж ќе го возев најновиот модел на Ферари“, додала таа.

Наместо тоа, ја одбила понудата. А мафијата се одлучила да се одмазди. Во нападот Канале едвај останала жива.
Откако ја отпуштиле од болница, Канале се преселила во Рим и започнала со тригодишното мачно опоравување. Вели дека од една депресија запаѓала во друга кога на 15 август 2007 година, мафијата уште еднаш го променила нејзиниот живот. Шестмина луѓе биле убиени пред една пицерија во германскиот град Дуизбург, каде што била организирана иницијатива на нејзините нови членови.

Половина од жртвите биле од Сан Луке, место кое што станало арена за фаталните расправии помеѓу скараните семејства во мафијата. Како што продолжила потрагата по убијците, локален претставник на министерството за внатрешни работи, покренал конкурс за проекти кои на жителите на Сан Луке требало да им го промени животот. Канале се одлучила да се пријави.
„Бев уништена како личност. Единствен излез ми беше да работам за други. Можеби тогаш мојата болка ќе има некаква корист“ изјавила Канале.


Тешко е да се преувеличува храброста или пак непромисленоста, која една жртва и мета на мафијата, мора да ја поседува како би продолжила да работи во Сан Луке, место кое што често се опишува како духовно засолниште на оваа организација. Храмот Санта Марија ди Полси е место каде што калабријската мафија традиционално ги одржува своите тајни состаноци.

Планот на Каналове кој бил усвоен се состоел од три фази. Првата фаза била тргање на децата од улиците на Сан Луке, а во исто време, да бидат вклучени нивните мајки на начин со кои би се оттргнале од мафијата. Жените долго време имале важна улога во калибријската мафија, пренесувале пораки, ги пресметувале сметките, ги сокривале избегниците.

Канале имала ограничен успех со фазата број два. Покренување бизнис со правење на сапуни, нешто на кое што воглавно работеле жените. Никогаш не стигнала до последната трета фаза, основање на центар за жените. Меѓутоа фазата и понатаму траела. Опстанокот на групата се ослонувал на подготвеноста на Канале да ја вложи својата заштеда и подготвеност на нејзините 12 соработници да работат без плата. На крајот сите побарале некаков вид на надокнада.

Канале нагласила дека сите би биле задоволни да работат за 250 евра месечно.
Им рекла да се стрпат, и дека наскоро ќе набави средства за да ги исплати.
Им се обратила на локалните власти, а потоа и на националните, побарувајќи им 30,000 евра како би го одржала својот проект во живот.
„Им пишував на сите, од претседателот на републиката па до последниот чиновник во власта. Никој не ми возврати на писмата“, вели Канале.

Крајот уследи кога повеќе немала пари да ја плати сметката за струја. До тогаш се случиле две работи. Одлучила да напише книга за своите искуства и добила нови закани.
„Некои мажи во февруари дошле во мојот дом кај моите родители во Рим и се претставиле како поштари. Им рекле дека треба да достават некакво писмо. Мајка ми им ја отворила вратата, а тие и се заканиле дека ќе ме искинат на парчиња и ќе ги нахранат свињите со мене, ако ја објавам книгата“, објаснува Канале.

Заканите продолжиле и понатаму, по што Канале избегала во Америка. Римската полиција ја замолила нејзината 18 годишна ќерка да не доаѓа во школо.
„Затворена е во куќата, не смее да излезе“, изјавила Канале чија книга треба да биде објавена на 8 октомври. Не сум тип на личност чија уста може лесно да биде затворена.

Брутално претепана

„Ми ги скршија сите заби, како и горната вилица. Ми ја скршија клучната коска, неколку ребра и едната нога. Тоа се случи осум месеци пред да ја напуштам болницата. Лекарите мораа да ми ја реконструираат усната и долг период да ме хранат преку цевка. Во еден момент имав само 39 килограми. Морав повторно да научам да зборувам затоа што јазикот ми беше отечен. Дури и денес не можам да трчам, но добро е што можам да се движам. Десната рака ми е толку повредена, што повеќе не можам да свирам на клавир. Тоа е цената која ја платив што сум искрена личност“, завршила Канале.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1