Сами носиме документите за регистрација – а плаќаме 500 денари за тоа, зелениот картон уште е изгор


Возачите во земјава при регистрација на возилата во техничките станици плаќаат од 300 до 600 денари за таканаречено „комплетирање документи“, иако самите си ги носат сите потребни документи за регистрација, со што нејасно е зошто се плаќа оваа давачка и дали таа може да се избегне. Инаку цената за „комплетирањето“ како и цената за самиот технички преглед зависат од кубикажата на автомобилот, пишува Дневник.

REGISTarski tablicki

Што точно значи комплетирање документи и што конкретно плаќаат возачите не успеавме да добиеме одговор од неколку станици за технички преглед во Скопје. Дали станува збор за вработено лице што ги реди документите, дали сопствениците не можат сами да си ги наредат документите, зошто таа ставка е неопходна и скапа, нема одговор од ниту една од техничките станици.

Друга давачка која се уште скапо се плаќа во Македонија е зелениот картон

zelen karton kolaСопствениците на една третина од вкупниот број регистрирани автомобили во земјава секоја година плаќаат од 60 до 90 евра за да купат зелена карта без која со своите возила не можат да ја напуштат земјава. Многумина од нив негодуваат и сметаат дека осигурувањето што го плаќаат при регистрацијата на возилата е доволно за да се покријат евентуалните штети при патување во други држави

Во другите земји, со мали исклучоци, зелената карта е додадена во полисата за осигурување без разлика дали возилото излегува од земјата или не. Сепак вакви цени има само во нашата Македонија. Србија на пример плаќаа претходно при регистрација 15 евра годишно и тој зелен картон им важеше за цела Европа освен за Македонија и за Босна – за кои земји мора да вадат посебно и чини дополнителни 20 евра.

Но последните години во Србија е укинат зелениот картон – а и осигурувањето не е значително поскапено, односно иако зелениот картон е укунат поодамна тоа поскапело дури оваа година – и тоа за мала сума, недоволна за да се каже дека таа давча за зелен картон е причина за поскапувањето. Но за србите кој сакаат да возат низ Македонија и Босна се уште треба зелен картон што ги буни возачите кој не патуваат често во овие земји. Па на граница се принудени да вадат картон кој важи за неколку дена и чини богами многу. Чиста пљачка – коментираат возачите.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1