Сокот од оваа билка може да доведе до тешко воспаление на кожата. На почетокот кожата е црвена и започнува да чеша. Потоа се создаваат меурчиња во облик на изгореници во рок од 48 часа
Опасна и многу агресивна билка, која во Германија е прогласена за најотровна билка, стигна во Босна и Херцеговина, а толку е отровна што може да доведе до трајно слепило.
Гигантскиот свински коров е забележан и во Љубљана и во околината на Марибор, каде веројатно „побегнала“ од ботаничката градина. Потоа во БиХ е забележана во околината на Сараево и утврдено е дека на ова место се наоѓа најверојатно од 2007. година. Во Хрватска овој вид е забележан во близина на реката Мура.
Билката по потекло е од Кавказ и средна Азија. Таа може да биде висока и до 2-5 метри, а во ретки случаи и до 7. Освен големината, слична е со обичната свинска коров. Во многу држави се смета за токсична.
Има убави бели цветови, но ако дојде во допир до окото може да дојде до слепило кое воглавно не може да се лекува. Ако ја допрете на почетокот кожата станува црвена и чеша. Потоа се создаваат меурчиња во облик на изгореници во рок од 48 часа. Тие формираат црни или виолетови лузни кои можат да траат и до неколку години. За да дојде до заздравување можно е да треба и болничко лекување. Во Германија каде билката стана вистинска закана, забележани се околу 16 илјади жртви во една година.
Доволно е само да се допре листот за на местото на кожата да се појават изгореници, чии последици траат со месеци, а на кожата трајно остануваат темноцрвени лузни. Најлошо е што билката многу тешко се искоренува, па затоа најдобро е да се избегнува.
Се одликува со дебело темно црвено-виолетово стебло и пегави стебленца на листовите, кои се шупливи. Стеблата варираат од три до пет сантиметри во обем, повремено и до десет сантиметри. Секоја виолетова дамка на стеблото е опкружена со влакненца, а тука се и големите бели влакна на базата на листовите на стеблото.
Многу билки се воведени во Англија во 19. век, воглавно за потребите за вкрстување. Некои станале доминатно агресивни и создаваат сериозни проблеми во некои подрачја. Сега е широко распространета по целиот остров, а особено покрај речните брегови. Исто така се прошири и во североисточна и северозападна Америка и средишна и источна Канада. Еднакво е опасен инвазивниот вид во Германија, Франција и Белгија, која ги загрозува локалните видови билки.
Децата треба да се држат подалеку од оваа билка. Заштитна облека, вклучувајќи и заштита за очи треба да се носат за време на ракување или оскопување на оваа билка. Загрозеното подрачје треба темелно да се измие со сапун и вода, а изложената кожа да се заштити од сонце неколку дена.