Само што се породила паднала во кома – Манекенка на Викторија Сикрет се бори за живот


Русокосата убавица летувала во Италија, каде доживеала повреди поради кои живото и виси на конец.

Манекенката Ифке Струм минатата недела доживеала несреќа по која завршила во кома. Моделот на куќата “Викторија Сикрет“ се бори за животот, откако задобила сериозни повреди за време на сурфање. Ифке го повредила рбетниот столб, а добила и пукнатини на черепот. Манекенката одмарала во Италија, каде и се случила страотната несреќа во близина на островот Искија.vs3

Додека сурфала на брановите, Струмова паднала од нејзината даска, а кога се обидела да доплива до брегот, ја удрил друг сурфер. По инцидентот, таа со хеликоптер била пренесена во болница во Напуљ каде била  згрижена, а стручните лица се уште се грижат за неа. Лекарите велат дека станува збор за сериозна повреда, како и дека постои ризик од трајна парализа.

Инаку, Ифке живее во Лондон, а минатиот месец стана мајка, кога го добила синот Александар. Манекенката неодамна споделила  фотографија со новородениот син споделувајќи ја среќата што станала мајка. Синот го добила со момчето францускиот супер модел Констанс Јаблонски. Струмова работела кампањи за познати брендови како што се “Шанел“, “Келвин Клајн“, “Марк Џејкобс“, како и многу други.

vs3

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1