Само уште 2 недели рок невработените да се пререгистрираат


На две недели пред истекот на рокот за пререгистрација на невработените лица, само 46,5 проценти од нив го сториле тоа. Џемали Мехази директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ),ги повикува сите носители на здравствено осигурување да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот.

fzom zdrastveno fondОсигурениците кои треба да се регистрираат/пререгистрираат во Подрачната служба на Фондот во Скопје, не мора да патуваат до неа, туку можат тоа да го сторат и во истурените шалтери на ПС на ФЗОМ во Скопје, сместени во поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, како и во зградата на општина Илинден и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Тетово во поранешната зграда на општина Камењане, во општина Боговиње и во Здравствен дом во општина Желино. –

Остануваат уште две недели до истекот на рокот, а само 113.067 лица, од вкупно 243.085 лица носители на здравствено осигурување, т.е само 46.51 отсто извршиле пререгистрација. ФЗОМ како институција која ја спроведува измената на Законот не посакува да се создаде состојба во која осигурениците може да останат без сини картони – посочи Мехази.
Според него сите потребни документи за пререгистрација се наоѓаат на шалтерите на ФЗОМ и на веб страницата на Фондот www.fzo.org.mk, а институцијата преку својата инфо-линија 080033222 и инфо-мејлот [email protected] стои на располагање за какви било прашања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1