Самохран татко продава бубрег за да ги прехрани неговите три деца (Фото)


Еден татко на три деца од Горна Вишча кај Живница поради тешката економска ситуација се одлучил за очајнички потег.
38-годишниот (името познато но во тајност го чува порталот Кликс.ба) на зграда во ,,BKC,, вчера закачил оглас (фото) во која се наведува дека “итно и поволно” продава бубрег за да ги нахрани неговите три малолетни деца.

Како што вели тој во изјавата за Klix.ba, на овој потег бил принуден поради фактот што од 31 март, кога морал да ја напушти работата, не заработил ниту еден денар.

“Морав да ја напуштам работата бидејќи центарот за социјални грижи сакаше да ми ги земе децата и да ги стави во дом. Моите деца немаат никој освен мене, да се грижи за нив. Сопруга ме остави пред 13 месеци. Повремено се јавува да ги чуе, но нема испратени ниту мастики за нив”, вели човекот за кликс.ба.

Тој сега сам се грижи за 13-годишната ќерка и синови на возраст од 15 и девет години.

Тој вели дека најстариот син морал да го напушти училиштето, бидејќи тој не бил во можност да плаќа за училиште.
“Центарот за социјална работа вети помош, но ништо не направи. Кога сум кај нив ми зборуваат едно, а потоа прават друго”, вели огорчен самохраниот татко.
Тој додава дека не се срами од ништо, од ниту една работа и ќе направи се што може за да се грижи за своите деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1