Самохрана мајка 6 дена преживеала заробена во автомобил – ја спасил чадорот (Видео)


Кристин Хопкинс, самохрана мајка на четири деца, цело време била свесна, но со тешки скршеници на нозете поради што не можела да се извлече од возилото.

majka soobrakjajkaМајката на четири деца од Колорадо, САД преживеала 6 дена заробена и тешко повредена во превртен автомобил. Беспомошна поминала 6 дена без храна и вода, а спасувачите тврдат дека во живот ја одржала само вољата за живот.

Хопкинс несреќата ја претрпела на 29-ти април, кога со автомобилот излетала од автопатот и завршила во клисурата во шумата помеѓу дрвја. Ја пронашле случајни минувачи дури на 4-ти мај, иако преживеала, нејзиниот живот се уште е во опасност, а лекарите велат дека најверојатно нозете ќе бидат приморани да и’ ги ампутираат. 

Додека лежела заробена во автомобилот, пишувала пораки на црвено-белиот чадор со цел да го привлече вниманието од автопатот кон себе, но ниту еден од возачите не ја приметил.

Пожарникарите кои први пристигнале на местото на несреќата сметале дека станува збор за вадење на заглавен труп од автомобил, но кога почнале да ги кршат прозорците Хопкинс ја подигнала раката и ја допрела до еден од прозорците што страшно ги шокирало. Во тој момент акцијата се претворила во спасувачка акција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1