Вработени во Т-Мобиле фалсификувале потпис на корисник за склучување лажни договори


Двајца вработени во Т-Мобиле фалсификувале потпис на корисник на мобилната телефонија на овој оператор и склучиле договори со што направиле долг од 32.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

dogovor potpisР.К.(33) од Тетово и Р.М.(29) од Скопје, во текот на 2012 година ја злоупотребиле службената положба на тој начин што го фалсификувале потписот на лице од Тетово и на негово име склучиле договори за користење четири телефонски броеви и притоа направиле долг во износ од 32.000 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.К.и Р.М.за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања”.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1