Попладнево во скопската населба Карпош 4 на улицата Волгоградска се случило самоубиство, објави Нетпрес.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата до која дојде НетПрес. Оттаму потврдуваат дека се работи за самоубиство, а жртва е маж во поодминати години.
Според првичните информации на Лидер пак професорот се самоубил со скок од терасата од станот на четвртиот кат каде живеел.
Соседите не можат да поверуваат дека тој се самоубил, туку велат дека професорот бил болен од склероза и додека бил на терасата му се слошило, изгубил рамнотежа и паднал долу.
Во тој момент во станот била неговата сопруга.
Бил добар семеен човек, професор по фискултура во култната спортска сала “Партизан“ во Карпош 4.
Фото Лидер.мк