Самоубиство во Скопје – пензиониран професор си го оддзел животот


Попладнево во скопската населба Карпош 4 на улицата Волгоградска се случило самоубиство, објави Нетпрес.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата до која дојде НетПрес. Оттаму потврдуваат дека се работи за самоубиство, а жртва е маж во поодминати години.IMG_2645-480x360

Според првичните информации на Лидер пак професорот се самоубил со скок од терасата од станот на четвртиот кат каде живеел.

Соседите не можат да поверуваат дека тој се самоубил, туку велат дека професорот бил болен од склероза и додека бил на терасата му се слошило, изгубил рамнотежа и паднал долу.

Во тој момент во станот била неговата сопруга.

Бил добар семеен човек, професор по фискултура во култната спортска сала “Партизан“ во Карпош 4.

Фото Лидер.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1