Самсоненко: Бев сигурен дека ќе победиме зашто играчите беа со солзи во очите уште пред пред натпреварот


Бев сигурен дека ќе победиме зашто играчите беа со солзи во очите уште пред пред натпреварот, изјави сопственикот на Ракометниот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко.
Вели дека на ракометарите им рекол да ги слушаат навивачите, па затоа и по натпреварот тие заедно со нив на трибините ја прославија победата.

-Изненадени сме, многу добар пречек на сите и од тоа сите се среќни, посочи Самсоненко, дополнувајќи дека му е мило што целата држава е среќна за овој успех, бидејќи како што вели, овој успех е на сите нас.

За следната сезона сопственикот на Вардар вели дека по припремите кои ќе ги имаат во текот на летото, очекува следната сезона Вардар да го повтори успехот и да ја одбрани европската шампионска титула.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1