Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко е презадоволен од сработеното на ракометарите на Вардар на Ф4 турнирот во Келн и освоената нова круна така што по вторпат во последните три години екипата се враќа назад за Скопје со трофејот.
„Зошто сите зборуваат за некаков крај на Вардар? Зошто сите мислат дека ја знаат ситуацијата во Вардар? Никој не ја знае ситуацијата најдобро бидејќи сето тоа се само гласини, сплетки… Вистинската информација која е точна е дека освоивме втора титула во третото учество во Келн и не е така лошо бидејќи можевме три од три. Не успеавме лани, па сега Вардар треба да почне со работа за четврто учество во Келн и за трета титула“, изјави Самсоненко после освоената круна.