Сања Лукаревска е нов в.д. директор на УЈП -Зоран Атанасов нов директор на Агенцијата за храна


Сања Лукаревска, која со години е вработена во Управата за јавни приходи, на денешната петта владина седница е именувана за вршител на должност директорот на УЈП.

Лукаревска има завршено Правен факултет во Скопје.

Владата на денешната седница го избра Зоран Атанасов за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Атанасов беше советник во кабинетот на Љупчо Николовски во техничката Влада, кога тој беше дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој е дел од извршниот одбор на Градската организација – Скопје на СДСМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1