Во „кулата на пеколот“ бројот на жртви надмина 70


Телевизијата „Скај њуз“, повикувајќи се на неофицијални информации од сопствени извори, јави дека билансот на жртви од опожарената зграда Гринфел во Лондон, достигнал над 70 лица. Претходно денеска, лондонската полиција соопшти дека при пожарот загинале 30 лица.

– Хоспитализирани се 24 луѓе од кои 12 се во критична состојба, изјави Стујарт Канди, шеф на лондонската полиција. Тој додаде дека очекува бројот на жртви да се зголеми.

Жителите на Гринфел упаднаа и во општинската зграда гневни од големата несреќа со барања да бидат обештетени сите семејства на кои им треба нов дом, како и да се утврди одговорност.

Пожарот во зградата со 120 станови во Кенсингтон-Челси во западен Лондон, изби по полноќ во вторникот и според сведоци, се ширел со голема брзина.Станарите 24-катната зграда со социјални станови го доведоа во прашање начинот како е граден објектот во 1974-та година. Лондонската полиција ја продолжува и истрагата за причините за пожарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1