Само неколку месеци по гламурозната венчавка на Џорџ Клуни и Амал Аламудин, веќе почнаа да кружат шпекулации за наводен развод.
Причината поради која холивудскиот заводник се разведува од сегашната сопруга, е затоа што таа не може да излезе на крај со неговите бурни врски со други жени, а најголем проблем на Амал и претставува неговата долгогодишна колешка Сандра Булок.
Нивни блиски пријатели велат дека тие константно се расправаат.
Последните гласини се дека Амал се изморила од флертувањето на Клуни. Американските медиуми пишуваат дека пријателка на Сандра Булок изјавила дека таа „се пали“ на Клуни и го доживува како „маж кој и избегал“.
На Сандра навистина и се допаѓа Клуни. Сите нејзини пријатели знаат дека тој за неа секогаш бил „оној вистинскиот“, а од непознати причини никогаш не завршиле заедно. После неколку пијалоци таа секогаш зборува за него, но сега кога е оженет има доволно почит и не се меша во бракот, изјавила пријателката. Но освен на Сандра, Амал е љубоморна и на други колешки кои се околу Клуни.