Оскаровката Сандра Булок во јуни минатата година се сретна со напаѓачот Џошуа Корбет, кој и упадна во домот, а се спаси такашто се заклучи во плакарот. Сега со него се сретна во судот.
– Се заклучив во плакарот кој има сигурносна брава! Ве молам помогнете ми, се зборовите кои Сандра им ги кажала на полицајците кога ги контактирала.
Актерката доцна во ноќта забележала маж кој шета низ нејзината куќа. На почетокот мислела дека слуша звуци произведени од ветрот, меѓутоа тогаш го забележала Џошуа.