Владата на Кантонот Сараево го прифати Планот за интервентни мерки поради прекумерната загаденост на воздухот.
Со новата мерка се забранува движење на автомобили чии мотори имаат норма помала од ЕУРО 3 со појачана контрола на МУП.
Ова не се однесува на возилата на инспекциите, Министерството за одбрана, јавниот градски превоз, комуналните оретпријатија, итната помош, пожарникарите и дипломатските возила.
Забранет е сообраќајот за товарните возила, со вкупна тежина поголема од три и пол тони, освен во периодот од 10 до 15 часот и од полноќ до 6 наутро.
Ова не се однесува на градскиот превоз, итната помош и доставните возила за прехрамбени производи.
За сите апарати за согорување со сила поголем од еден мегават, кои користат црвсти горива и тешки масла за согорување, издадено е предупредување да ја намалат продукцијата на топлотна енергија за минимум два степени.
Претходно Министерството за образование донесе одлука да прекине настаавата во основните и средните училишта во Кангтонот Сараево.