БОРБА СО ЗАГАДУВАЊЕТО: Италијанците воведуваат „денови без автомобили”


Од идната недела, Рим и Милано воведуваат „денови без автомобили” со цел да се намали загадувањето на воздухот, кое веќе со недели е на високо ниво.zagaduvanje

Во Рим идниот понеделник и вторник ќе биде воведена забрана за возење автомобили шест часа, додека Милано освен тие денови ја додава и среда.

Освен тоа, италијанците воведуваат и правила во греењето на домовите. Додека квалитетот на воздухот не се подобри термостатите за греење на домовите во Рим не смеат да бидат над 18 сетепени Целзиусови.

Двата града минатата недела се обидуваа да го решат проблемот со загадувањето и со бесплатен автобуски превоз, па и со ограничување на сообраќајот на автомобили со регистрации со парни и непарни броеви.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1