Поранешниот шеф на македонската Управа за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков вчера бил приведен на аеродромот Никола Тесла во Белград поради пронајден пиштол во неговиот рачен багаж. Мијалков летал од Скопје за Загреб, а пиштолот бил пронајден во Белград, пишува белградски Курир.
„Човекот беше мирен, не правеше проблеми кога му беше пронајдено оружјето. Тој се правдаше дека заборавил да го остави и дека на аеродромот во Скопје не го провериле, што на сите ни беше чудно“, изјавил анонимен извор за Курир.
По еден телефонски разговор Мијалков веднаш бил пуштен од српската полиција.