Сателитот GOCE вечерва паѓа на земјата – загрозена Италија


Италијанската цивилна заштита предвидела два временски термина во коишто би можело да се случи, иако тоа е малку веројатно, паѓање на остатоци од сателитот GOCE во Италија откако ќе престигнат во атмосферата.

satelit-goce-1380142672-371637Сaтелитот GOCE (Gravity field and steady-state Ocean Circulation Explorer), наречен и „ферари” во Вселената поради неговиот аеродинамичен дизајн, беше лансиран во март 2009 година, а целиот проект чинеше 350 милиони евра. Неговата цел беше да се проучува гравитациското поле на Земјата како и океанските струи. Апаратурата инсталирана на него придонесе во 2011 година првпат да биде изработена гравитациона мапа на планетата со висока резолуција на којашто е видлива границата меѓу земјината кора и обвивката.

Овој вештачки сателит пред три седмици, во резервоарите на сателитот немаше повеќе од 350 грама ксенон, и веднаш по неговото трошење сателитот започна со спуштање. Во атмосферата на земјата треба да влезе ноќта меѓу недела и понеделник (1-ти и 11-ти ноември), објави во петокот Европската вселенска агенција (ESA).

„Сѐ уште не може да се исклучи можноста, иако минимална, дека еден или повеќе делови ќе паднат во Италија во два временски периоди, меѓу 19,44 и 20.24 по локално време во недела во областите Вал д’Аоста, Пиемонт, Лугирија или Сардинија и од 7,48 до 8,28 наутро во понеделникот во јужниот дел од земјата”, се вели во соопштението од неделата на Цивилната заштита на Италија.

goce satelitСателитот би требало да се распадне на височина од околу 80 километри, а пoвеќето фрагменти во целост ќе согорат.

Некои пресметки, пак, исто така, велат дека поголемиот дел од сателитот тежок околу 1.100 килограми ќе согори со влегувањето во атмосферата, но околу 50 негови делови, односно околу 25 отсто од масата на сателитот ќе паднат на Земјата или во океанот. Сé уште не може да е предвиди каде тие делови ќе паднат, меѓутоа потесното подрачје ќе може да се одреди со приближувањето на моментот на влегувањето на сателитот во атмосферата. Во овој случај најголеми шанси да преживее има основниот уред на апаратот за проучување на гравитационото поле на Земјата, кој е направен од композитен јаглеродграфитен материјал.

Иако не може сосема да се исклучи, опасноста од паѓањето на делови од GOCE за населението на Земјата е многу мала, сметаат научниците.

Сателитот GOCE е изграден пред да стапи на сила во 2008 година меѓународниот договор кој одредува дека научните сателити мораат да имаат систем за потискување кој овозможува уредот по завршувањето на мисијата да падне во море, далеку од населените области

Следете во живо каде ќе падне сателитот ГОЦЕ – 1100 кг железо паѓа на земјата без контрола

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1