moskva zakovan za testisiРускиот уметник Пјотр Павленски денеска со клинци ги закова своите тестиси за калдрмата на московскиот Црвен плоштад во знак на протест поради состојбата во општеството, а повод за ваков чин беше одбележувањето на 10-ти ноември, Денот на руската полиција.

На очиглед на вџашените минувачи, Павленски со тестисите заковани за калдрмата седел половина час, по што бил пренесен во болница.

Откако излегол од болница тој е пренесен на разговор во полиција.

Ова не е прв пат овој контраверзен уметник да има „драстични“ начини за искажување на протест.  Во знак на поддршка на панк групата Пуси рајот пред неколку години – Павленски си ја сошил устата пред Казанскиот храм во Москва.
zasiena usta protest
moskva zakovan za testisi