Ех, да се сите како Пандев – Купи автобус за дечињата од Академија Пандев


Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев на најдобар можен начин покажува како се вложува во подобри услови за македонскиот фудбал откако купи автобус за потребите на фудбалската школа „Академија Пандев“.

avtobus-pandev-1-615x400Отсега младите фудбалери ќе имаат сопствен превоз за сите свои настапи во државата, но и надвор од неа, кога ќе учествуваат на многубројните меѓународни турнири. Исто така, средени се сите документи и за изградбата на целиот фудбалски комплекс во Струмица, во кој се планирани фудбалски терени, мини – хотел, сала за вежбање и многу други придружни елементи кои се составен дел од врвните услови за тренирање фудбал.

„Точно е, добивме автобус, со кој ќе можеме да патуваме на натпреварите ширум земјава и надвор од неа. Горан Пандев апсолутно знае што се е потребно за младите фудбалери од Академија Пандев да имаат подобри услови за тренинг и за натпревари и секогаш е подготвен да помогне и тоа да го овозможи. Можам да кажам дека е средени целата потребна документација и за отпочнување со градба на фудбалскиот спортски комплекс, кој претходно беше најавен за Академија Пандев“, изјави за ЕКИПА, координаторот на младинската школа Југослав Тренчовски.

ЕКИПА

avtobus-pandev-1-615x400

avtobus-pandev-2

avtobus-pandev-3

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1