За само десетина минути цел Белград, Србија бил покриен со снег по снежна олуја која ја зафати оваа земја.
Снегот што од вчера паѓа во Хрватска, Словенија и БиХ предизвика многу проблеми на жителите на одделни области на овие земји. Прогнозирани се уште снежни врнежи, јави Танјуг.
Бура и снег предизвикуваат проблеми на патиштата во Словенија, а надлежните советуваат користење на јавниот превоз.
Поради временските неприлики затворени се одделни гранични премини за товарни возила.
Македонија се наоѓа на мапата направена од медиумите од регионот, кои објавија мапа на снежната виулица.
Невремето кое го зафати овој дел од Европа, според сателитските снимки, со снежни облаци ќе ја покрие и нашата земја.