Сателитски снимки на НАСА покажуваат каква снежна бура доаѓа кон Македонија! (ФОТО)


Минатава недела големо невреме ја погоди Европа и некои земји на Западот, а и според сателитските снимки на НАСА снежната бура се движи полека кон нашите подрачја.

snimki_thumb_medium500_302

Во поединечни земји затворени се аеродромите поради големи снежни врнежи, а во Велика Британија се откажани сите летови од аеродромот Џон Ленон. Најголем проблем претставува мразот. Во Франција ветерот создава проблеми. И таму аеродромите се затворени.Снег падна и на југозападот од Германија.

Метеоролошките служби во регионот предупредуваат дека за време на викендот силно снежно невреме ќе го зафати целото балканско подрачје.

 

Возачите на моторни возила се предурпедуваат да не тргнуваат на пат без итна потреба, јави Танјуг.

Во Хрватска, Црна Гора и Србија метеоролошките служби предупредуваат дека намалувањето на температурите е само вовед за снежното невреме што за време на викендот и последните денови од годинта ќе го зафатат целиот регион.

Во Црна Гора снежни врнежи има во околината на Цетиње, поради што на патиштата е задолжително поседување на зимска опрема, а поради снежни врнежи е отежнат и сообраќајот на патниот правец Подгорица-Цетиње.

Хрватските медиуми најавуваат дека ниските температури се само вовед за тоа што следи, особено за време на викендот, каде во некои делови на земјата се очекува и до половина метар снег.

Силни снежни врнежи на територијата на Србија се очекуваат во недела попладне, кои ќе формираат снежна покривка од 10 до 30 сантиметри. Снежните врнежи ќе бидат проследени со силни ветрови и појава на снежни наноси.

Метеоролозите предупредуваат дека од понеделник 29 декември до сабота 3 јануари не очекуваат ниски температури и студени денови.
.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1