Американското обвинителство во средата подигна обвинение против саудиска принцеза поради трговија со луѓе и ја обвинија дека во САД довела жена од Кенија и ја држела во заточеништво како слугинка.
Обвинетата 42-годишна Мешал Алајбан ја довела жената во мај, и’ го одземала пасошот и и’ плаќала по 220 американски долари месечно додека истовремено ја држела затворена во апартманскиот комплекс во Ирвин во сојузната држава Калифорнија, Кенијката морала да ги мие садовите, да готви, чисти, пере и да пегла без ниеден ден одмор.
Во домот на семејството Алајбан полицијата во текот на претресот пронашла уште четири Филипинки чии пасоши, исто така, биле одземени, па се истражува дали и другите членови на семејството биле вмешани во трговијата со луѓе.
Саудиската принцеза била уапсена во средата во нејзиниот дом, откако Кенијката успеала да побегне и запрела еден возач автобуси барајќи помош.