Саудиска принцеза уапсена за трговија со луѓе – си ги држела слугинките заклучени


Американското обвинителство во средата подигна обвинение против саудиска принцеза поради трговија со луѓе и ја обвинија дека во САД довела жена од Кенија и ја држела во заточеништво како слугинка.

princeza saudiskaОбвинетата 42-годишна Мешал Алајбан ја довела жената во мај, и’ го одземала пасошот и и’ плаќала по 220 американски долари месечно додека истовремено ја држела затворена во апартманскиот комплекс во Ирвин во сојузната држава Калифорнија, Кенијката морала да ги мие садовите, да готви, чисти, пере и да пегла без ниеден ден одмор.

Во домот на семејството Алајбан полицијата во текот на претресот пронашла уште четири Филипинки чии пасоши, исто така, биле одземени, па се истражува дали и другите членови на семејството биле вмешани во трговијата со луѓе.

Саудиската принцеза била уапсена во средата во нејзиниот дом, откако Кенијката успеала да побегне и запрела еден возач автобуси барајќи помош.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1