Саудискиот шеик бара 12 милиони долари отштета од Албанија


Отштета од Албанија во износ од 12 милиони долари бара саудискиот шеик Јасин Ал Кади, кому албанските власти во 2001 година му го блокираа целиот имот, под сомнение дека го финансира тероризмот.

– Во 2001 година, арапскиот бизнисмен Јасин Кади изгуби бизнис империја изградена во средината на 90-тите години во Албанија, откако неговото име беше вклучено во црната листа на Обединетите нации како финансиер на тероризмот.Петнаесет години подоцна, Кади „де јуре“ го исчисти своето име преку серија на судски процеси во Европа и САД и го поврати својот имот во Албанија,-пишува весникот „Шекули“.seik-jasin-kadi

Сепак, тој одлучил да побара многу поголем надомест од Албанија, тврдејќи дека неговиот бизнис бил лошо воден во текот на годините додека бил конфискуван.

Во февруари 2016 година, адвокатот на Кади, до Управниот суд поднесол тужба против Министерството за финансии и Агенцијата за администрација со конфискуван имот, која управувала со имотот повеќе од 7 години.Во тужбата тој бара отшетата од 1.527.330.000 леки или 12 милиони долари.

Бизнисменот Јасин Ал Кади, од Саудиска Арабија, својата дејност во Албанија од градежништво ја прошири во добротворни цели, во средината на 90-тите години. Но, бизнисите во Албанија почнаа да се испитуваат по терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД, кога Кади се најде во меѓународната листа на лица барани за финансирање на терористичката организација Ал Каеда.

Уште од самиот почеток тој негираше било каква вмешаност во помагањето на тероризмот.Сега тој поседува одлука на Судот на правдата во Луксембург, одлука за затворена истрага во Истанбул и пресуда на Судот на јужната област на Њујорк, каде што неговиот случај е решен и не е докажано дека Кади финанирал тероризам .Неговото име,во 2012 година е избришано и од црната листа на ОН а една година подоцна,2013 албанската влада одлучи да му го врати конфискуваниот имот.

Со тужбата што сега ја поднесува тој бара обештетување од Албанија околу 12 милиони долари само за администрирањето на компанијата „Локсал“ една од седумте негови компании во оваа земја.Оваа компанија беше конфсукавана во 2006 и со неа раководеше албанската држава се до 2013 година,таа располага со 19 објекти,меѓу кои и двете кули близначки во Тирана, кои се дадени под кирија.На Кади му беа бокирани и 36 банкарски сметки, како и 22.000 квадратни метри земјоделско земјиште во приферната населба „Узмериште“ во Тирана.

По наредба на тогашните министери за финансии, социјалистот Арбен Малај и демократот Ридван Боде, блокирани се сметки на име и на градежната компанија „Караван“,како и фирми поврзани со Абдул Латиф Салем бизнисмен од Јордан, кој како надежен бизнисмен тогашниот претседател Сали бериша му дал и албанско државјанство,но беше протеран поради сомненија дека финансира тероризам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1