Нуклеарна централа која се наоѓа на 90 километри од Љубљана е превентивно исклучена поради покачување на нивото на водите во реката Сава.
Работата на нуклеарната централа е рачно запрена. Надојдената вода од дождовите и снеговите ја намалува ефикасноста на разладниот систем, се наведува во соопштението од нуклеарната централа Кршко.
Се очекува производството на електрична енергија да биде обновено во следните денови.