Сава почна да дивее – проби кај Брчко – Хрватска и Србија се молат да не прелие премногу


Реката Сава попладнево проби дел од насипот во близина на Брчко при што се евакира населението од пет населби на подрачјетот на дистриктот, потврдено е од кризниот штаб во Брчко.

brcko

Речниот бран кој уште вчера го поплави Босански Шамац, а потоа го загрози и Орашје стигна до Брчко, а до локалното население упатен е повик спас да најдат на покривите на куќите и таму да ги чекаат хеликоптерите за евакуација.

Центарот на Брчко не е загрозен.

Состојбата е тешка и на подрачјето на Бијелина каде Дрина се влева во Сава.

Граничната полиција на Босна и Херцеговина потврди дека поради критичното ниво на Сава затворен е сообраќајот на граничните премини со Хрватска во Босански Шамац, во Орашје и во Брчко. Сообраќајот е во прекин и на граничните премини Јања и Црњељево.

Затворени се и неполку патишта кон граничните премини со хрватска односно правецот од Босанска Дубица кон гранчниот  премин Костајница и од Приједор кон Нов Град.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1