СДСМ бара оставка од Тодоров поради инцидентот на скопската Клиника


СДСМ го осуди денешниот инцидент на скопската Клиника за абдоменална хирургија и побараа одговорност од министерот Тодоров.sdsm640nasa

Од СДСМ велат дека хаосот во јавното здравство е резултат на погрешните политики на Никола Груевски и Никола Тодоров при што побараа министерот Тодоров веднаш да си поднесе оставка од функцијата.

„Што уште треба да се случи за Никола Тодоров да си поднесе оставка? Родилки и бебиња умираат, денеска е пукано во лекар. Нема да има операции на хирургија, додека не се заштитат лекарите со закон. Груевски и Тодоров не можат да го гарантираат здравјето на пациентите. Груевски и Тодоров не можат да ја гарантираат безбедноста на лекарите“ изјави Јагода Шахпаска, пратеничка и претседателка на собраниската Комисија за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1