Србија успеа – Косово не стана членка на УНЕСКО


Косово не стана член на УНЕСКО, откако за три гласа не го доби потребното двотретинско мнозинство.

На Генералната конференција на организацијата, од 142 земји кои гласале, „за“ биле 92, а „против“ 50, додека 29 биле воздржани.unesko-znaminja

Меѓу земјите кои гласале против се Русија, Бразил, Кина, Шпанија, Палестина, Белоусија, Северна Кореја, а меѓу оние кои го поддржаа – Белгија, Франција, Британија, Словенија, Италија, Канада, Германија, додека меѓу воздржаните се Босна и Херцеговина, Грција, Романија, Тунис…

Во образложението на предлогот за прием на Косово беше наведено дека не се работи за гласање за признавање на Косово како држава, ниту пак за влез во ООН, туку како барање „на граѓаните на Косово да им се овозможи пристап до културните вредности и образование“.

Претходно, Србија поднесе предлог за одложување на гласањето, што беше одбиен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1