СДСМ бара Собранието веднаш се распушти


Пратеничката група на СДСМ бара Собранието да се распушти денеска и веднаш, а не дневниот ред на 125. седница да се дополнува со нови закони, изјави денеска пратеникот Петре Шилегов.petre-silegov

– Владејачкото мнозинство повторно покажува дека не сакаат избори на 11 декември и прават се да го одложат распуштањето на Собранието, со предлог закони што токму денеска се доставени, рече Шилегов во изјавата за медиумите дадена во Собранието.

Според Шилегов, без оглед на собраниските ујдурми, како што наведе, фер, слободни и демократски изброи ќе се случат избори на 11 декември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1