Отворањето на предметот „ТНТ“ на независната институција СЈО покажа зошто Ѓорге Иванов мораше да брза со аболицајата, изјави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
– Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор. Одговорноста за сите случувања во Македонија е на Никола Груевски, Ѓорге Иванов и Трајко Вељаноски. Денеска стана јасно зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат фер и демократски избори. Бегаат од прочистен избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата. Затоа Македонија е на нозе – рече Шилегов.
Тој нагласи дека во Македонија мора да има и ќе има фер и демократски избори.
– Демократска Македонија нема да дозволи Никола Груевски да ја држи во заложништво иднината на државата порача тој.