Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз едногласно ја усвои Стратегијата за идно делување на СДСМ.
Централниот одбор едногласно одлучи да ги исклучи од членство Солза Грчева и Љубица Буралиева поради непочитување на одлуките на највисоките органи и тела на партијата.
Во сите дискусии во текот на вечерашната дебата на Централниот одбор беше потврдена цврстата решеност за спроведување на ставовите донесени на Конгресот на СДСМ.