СДСМ: Латас и Ивона имале многу фирми на Градски стадион б.б.


Адресата Градски стадион б.б. не е седиште само на телевизијата Сител, туку и на повеќе фирми во сопственост на главниот уредник Драган Павловиќ-Латас и на уредничката Ивона Талевска, рече вчера портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој продолжи со откривањето на аферата за здравствениот тендер што го добила фирма поврзана со Талевска

FIRMI ivona latasКако што истакна Шилегов, не може да се добројат фирмите на таа адреса што постојат, биле ликвидирани или се во фаза на згаснување.

Според документите што ги претстави, двајцата уредници биле основачи на „Смарт аналитикс“, Латас ја имал „Тотал медиа“, а веќе му биле избришани „Линеа медиа“, „Тотал маркетинг“ и здружението „Младински лидери“.

Талевска, пак, според истите извори, била основач на „Смарт центар“ чија дејност била огласување преку медиуми, како и на „Коперник асоциатион“.

– Прашуваме што сѐ работеле овие новинари-уредници паралелно со новинарската професија и за чии интереси – рече Шилегов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1