СДСМ: Медиумите шират лаги за Шекеринска


Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, повторно се обидуваат да шират лаги и на било каков начин да ги поврзат со заменик претседателката на СДСМ, реагираат од партијата и истакнуваат дека и овој последен обид да конструираат случај таму каде што го нема заврши неуспешно.sdsm640nasa

„Да имаше нешто, било што, незаконско или нешто непријавено, власта во заминување ќе апсеше неколку пати. Поминаа 10 години, ВМРО-ДПМНЕ не најде ништо затоа што нема ништо ниту незаконско ниту непријавено. Оттука е нервозата, плукањето, измислувањето на медиумските курири. Вистината за Македонија покажа чии се јахтите и луксузните куќи, кој купувал парцели на Водно, мерцедес од 600 илјади евра со телевизори и масажери, со пари на граѓаните на Македонија, најсиромашната држава во Европа“, се вели во соопштението на СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1