СДСМ: Нема договор без преодна Влада – Сè уште важи предлогот за заедничка оставка на Заев и Груевски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утре пак ќе се сретнат во Стразбур, во обид да ја решат политичката криза, потврди за „Мета“ Илија Димовски, пратеник од владејачката партија.

gruevskizaev

Од ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека тие немаат намера да прифатат техничка влада. Исто категорични во своите барања се и од СДСМ.

Петре Шилегов, портпаролот на партијата, за „Мета“ изјави дека сè уште останува предлогот на СДСМ, ако тоа помогне за излез од кризата, и двајцата лидери, и Заев и Груевски, да си поднесат оставка.

Шилегов тврди дека имињата што во последно време се споменуваат во јавноста како премиери на преодната влада се само шпекулација.

Мета.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1