СДСМ: Немало никаков физички контакт меѓу членот на СДСМ и Амди Бајрам


Уште еднаш се потврди дека МВР и Амди Бајрам се класични инструменти во рацете на Никола Груевски кога тоа ќе затреба. Врв на очај е драмата што ја прават вечерва, преку Амди Бајрам, кој наводно бил физички нападнат, па дури и поради тоа завршил на Кардиологија.

Во продавница за фармерки во ГТЦ, Амди Бајрам и наш член и активист имале вербална расправија. На нервозната реакција на обезбедувањето на Амди Бајрам, што го толкуваме како обид за провокација и физичка пресметка, не било возвратено од страна на членот на СДСМ.sdsm640nasa

Немало никаков физички контакт меѓу членот на СДСМ и Амди Бајрам!

Напротив, двајцата од обезбедувањето на Амди Бајрам и тројцата од обезбедувањето на ГТЦ се нафрлиле врз него. Полицијата којашто за брзо време се нашла во продавницата, истото ова го има нотирано.

Апелираме да престанат обидите за провокации и користењето марионети, како Амди Бајрам, коишто не можат да ги засенат огромните скандали во коишто е инволвирана тесната група на власт, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1