СДСМ обвинува се отпуштаат нивни членови од Карпош – Јакимовски вели измислуваат


Вработени во општинската администрација во општина Карпош, членови на СДСМ биле отпуштени од работа, реагира опозициската СДСМ.

opstina karpos„СДСМ остро ја осудува постапката на бркање на вработени во администрацијата на Општина Карпош од страна на господинот Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник од Српската напредна странка. Ова нема никаква врска со демократијата и локални избори, туку претставува очајнички обид за зачувување на фотељата на Јакимовски и тоа со типични вмровски методи.
Новата власт во Општина Карпош им порачува на сите вработени да издржат. По изборите, сите неправди ќе бидат исправени“, се вели во реакцијата на партијата.

Чиста шпекулација и манипулација од страна на СДСМ е информацијата дека нивни членови се отпуштени од Општина Карпош.

jakimovskiОва се вели во демантот на градоначалникот на скопската општина Карпош, на соопштението упатено од страна на СДСМ, во кое се вели дека вработени во општинската администрација во општина Карпош, членови на СДСМ, биле отпуштени од работа.

„Факт е дека станува збор за едно лице, времено вработено во Општина Карпош, на кое секој месец му се обновуваше договорот за работа. Бидејќи во моментот нема толкав обем на работа за негово ангажирање, договорот не е повторно обновен. Доколку во иднина се јави дополнителна потреба од негово ангажирање, истото повторно ќе биде земено предвид”, се вели во реакцијата на Јакимовски.

Според него, ваквото спинување на фактите е дел од валканата предизборна кампања.

Извор: Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1