Постигнат е договор за надминување на политичката криза, со што евроагендата се враќа повторно во приоритетите на земјата, потврди попладнево претседателот Ѓорге Иванов по заедничката средба во вилата „Водно“ со европската тројка преводена од еврокомесарот Штефан Филе, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Договорено е да се обнови политичкиот живот во земјата, сите политички партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на локалните избори. Нема одложување на локалните избори, а веднаш треба да се формира заедничка комисија за расчистување на настаните во Собранието од 24 декамври.
Одговорајќи на новинарско прашање дали постигнатиот договор подразбира можност и за одржување предвремени парламентарни избори, известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, одговори потврдно, но не прецизира кога тие би можеле да се случат.
Ова е договор кој е постигнат доцна, но се надевам и верувам дека не предоцна. Никој не треба да го потценува предизвикот на страните во пронаоѓањето договор и мојата порака до земјите-членки на Европската унија е да се надминат да ги надменат сопствените предизвици и да овозможат плодовите од овој договор да се реализираат.
Ова е пораката на известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Ричард Ховит, што пред неколку минути ја лиферуваа од неговата канцеларија во Брисел.
Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, во соопштението на британскиот европратеник се наведува дека е постигнат договор за крја на политичката криза во Скопје за враќање на нормалниот политички живот и извршување на клучните реформски прашања во земјата.
– Договорот е од клучно значење за европската перспектива на оваа земја и јас сум горд што одиграв улога во посредувањето.
Важно е што овој договор е постигнат од страна на партиите, а во интерес на земјата. Длабоко и искрено им се заблагодарувам за тоа, додава известувачот Ховит, кој прв го објави политичкото примирје во нашата земја на својот профил на социјалната мрежа Твитер.