СДСМ одлучи: Не за избори на 24 април, министрите остануваат до 24 февруари


Централниот одбор на СДСМ донесе одлука двајцата министри и тројцата заменици министри да останат во Владата до 24 февруари, а истото важи и за пратениците во Собранието.zaev

СДСМ бара да се отповика распуштањето на парламентот и да се објави нов датум за избори. На 24 април нема да учествуваат.

Опозицјата нема да оди на изборите во април. Но, дава шанса договорот од Пржино да опстои-бараат нов датум за избори и да се поништи веќе донесената одлука за распуштање на парламентот во февруари, која значи избори во април. Ова е одлука донесена вечерашниот заседание на Централниот одбор на партијата.

– Едонстраната одлука на власта да го распушти парламентот на 24 февруари и да оди на избори на 24 април без претходно исполнети услови за фер, демократски услови за регуларни избори ја стави СДСМ пред одлука со 2 опции, да ги напушти државните институции или да ја даде шансата да се корегираат одлуките за датумот на изборите. Остануваме посветени договорот да се исполни во целост, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор.

– Заклучоците кои ги донесовме на Централниот одбор после дебатата се следните: фер, регуларни и демократски избори за Македонија се императив, а не датумот на изборите. На Македонија не и требаат уште едни нерегуларни избори. Затоа, менувањето на датумот на изборите не е желба на опозицијата, туку потреба за целосна реализација на договорот од Пржино, рече Заев. За СДСМ не прифатливи се избори без навремено прочистен Избирачки список, без навремена регулација на мадиумите, затоа на 24 април на избори СДСМ нема да учествува.

Заев додаде дека опозицијата останува на се што е предвидено во договорот од Пржино, останува во Владата и Парламентот целосно, за да не дадат никаква причина на ВМРО-ДПМНЕ да каже дека тие се оние кои го прекршиле договорот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1