Актерот Џејми Фокс спасил човек од запален автомобил (ФОТО)


Кога по сообраќајна несреќа која се случила пред неговата куќа видел човек заробен во запален автомобил, холивудскиот актер Џејми Фокс не размислувал ни минута да го извлече на сигурно.Dzejmi

Несреќата се случила кога автомобилот поради влажниот коловоз се излизгал пред неговата куќа во Хајден Вели и се превртело на покривот. Возачот останал заробен во возилото.

Актерот, останал прибран и веднаш повикал противпоажрна служба, но не сакал да чека.Dzejmi Foks(1)

Сведок за порталот „ТМЗ“ раскажал дека Џејми не чекал да дојдат службите за спасување, туку дотрчал до автомобилот , го ослободил возачот и се одвлекол на сигурно. Набргу пристигнала и брзата помош која го одвезла возачот во болница, а актерот не сакал да даде изјава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1