По два нови случаи на хив-сида во Струмица и во Скопје


Кај двајца Струмичани и двајца Скопјани минатиот месец била потврдена инфекција со ХИВ вирусот.  Сите се од машки пол од кои тројца на возраст од 20 до 29 а еден е повозрасен над 40 години. Со оваа бројка, 2015 заврши со 31 случај на ХИВ-СИДА. Освен во Струмица и Скопје, заразени има и во Кочани, Штип, Кавадарци, Тетово и Прилеп.hiv sida

На крајот од минатата година, лекарите излегоа со податоци дека е во подем ширењето на инфекцијата кај мажи кои имаат секс со мажи. Лани 14 лица се заразиле по хомосексуален пат а петмина се бисексуалци. Меѓу нив има и студенти.

Од 1987 година кога беше регистриран првиот заболен, досега во Институтот за јавно здравје регистрирале 274 случаи. 80 од нив се починати.   77 проценти се на антиретровирусна терапија. Целта на надлежните институции е до 2020 година лекови да добиваат 90 отсто од заразените.

За оваа година програмата на Министерството за здравство за превенција од ХИВ-СИДА ќе биде 45 милиони денари, или двојно повеќе од лани

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1