СДСМ: Провизија од Визарис и признание со ќотек за Сопот


СДСМ во Велес објави нови прислушувани разговори во кои, како што велат, може да се слушне за аферата „Визарис“ вредна милион евра, договарања околу судскиот случај „Сопот“, муабети како да се скрие скандалот со синот на Трајко Вељаноски, уапсен во Грција.sdsm veles

Афера со фирмата „Визарис“ на Ивона Талевска, вредна милион евра, политички договори за ослободување на осудените во судскиот процес, „Сопот“, судските пресуди кои се носат само со консултација на премиерот Никола Груевски, сокривање на скандалот околу синот на претседателот на собранието Трајко Вељаноски, може да се слушнат од разговорите што денеска ги објави СДСМ во Велес.

Во еден од објавените прислушувани разговори за кој претседателот на општинската организација на СДСМ Панче Иванов вели дека е воден меѓу уредниците во Сител Драган Палвловиќ Латас и Ивона Талевска, се слуша разговор околу тендерските постапки со компанијата „Визарис“ и за милионската сума која, како што вели Иванов, Талевска очекувала да легне на сметката на компанијата во која само таа има удел. Во аудио снимките се слуша, како што тврди СДСМ, компанијата на Талевска да може да продолжи да функционира со сметка вредна милион и 300 илјади евра.

Видео на следниот ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1