СДСМ: Скандалозната снимка потврдува кој во Македонија снима и следи комуникации


Соопштение за јавност на СДСМ:

Скандалозна е видео снимката од кабинетот на Никола Груевски објавена во дневникот на провладината Сител телевизија. Тоа е класична потврда и клучен доказ за тоа кој во Република Македонија снима и следи комуникации.

Кој може друг да снима во неговиот кабинет освен Никола Груевски?sdsm

Овој пример покажува како функционира Груевски и го потрдува сето она што го зборува претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Еве како се следи и се снима лидерот на опозицијата. Еве како се следат и се снимаат илјадници граѓани во Република Македонија.

Прикажаниот видео материјал потврдува дека Никола Груевски ги снима оние коишто доаѓаат на политички средби во неговиот кабинет.

Пример без преседан во Европа.

Со ваквото постапување Никола Груевски прави кривично дело неовластено снимање и прислушкување според член 151, став 3 и член 152 од Кривичниот закон.

Денеска Сител сето тоа го покажа на виделина пред јавноста.

Во обраќањето на 31.01.2015, Зоран Заев јасно посочи дека неверојатно е Груевски да е толку наивен и да мисли дека во разговор претседателот на СДСМ ќе го открие идетнитетот на лицата што ги доставиле доказите до него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1