СДСМ денеска на медиумите им ја достави аудио снимката, која според нив е доказ за тоа дека премиерот Никола Груевски договорил кеш 1,5 милиони евра од газда Нини од продажбата на Македонска банка, пренесува НоваТВ.
„Никола Груевски очигледно не сака да биде искрен со македонската јавност. Два дена му даваме шанса да излезе во јавност и да каже јавно за 1.500.000 евра кои ги зел во кеш од газда Нини, за неплатениот данок од 225.000 евра и за криминалната оф-шор мрежа што ја краде Македонија. Никола Груевски, не мора да се закануваш преку соопштенија со тужба, еве јас те повикувам да ме тужиш. Кога веќе бегаш од мене на дебати, нема проблем, ајде да се сретнеме на суд. Ама ти лично да се појавиш на судењето, не да се криеш. И да биде јавно, со присуство на медиуми и на набљудувачи. Па, сите нека видат која е вистината., рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Видео – Нова ТВ